Дома Популарно ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и Богоев се најнеспособните градоначалници во историјата на Скопје и...

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и Богоев се најнеспособните градоначалници во историјата на Скопје и Карпош.

240
0
АКЦИЈА

На Петре Шилегов и на Стефан Богоев им требаше годин и пол за да излезат и да го работат она за што се платени, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ на акцијата на градоначалниците на Скопје и Карпош за расчистување на дивата депонија зад СРЦ „Борис Трајковски“.

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Шилегов и Богоев се најнеспособните градоначалници во историјата на Скопје и Карпош.

Шилегов и Богоев се пофалија дека почнале да чистат депонија, за која имале година и пол да ја исчистат. Шилегов и Богоев повторно ништо не работат, но поради поразот на претседателските избори и на нивниот кандидат Стево Пендаровски излегоа пред камери да даваат бледи изјави и да се преправаат дека нешто работат, пишува во соопштението испратено до партијата.

Оттаму потсетуваат дека Скопје му го сврте грбот на СДСМ.

Скопје му сврте грб на Заев, Пендаровски, Шилегов и Богоев. Скопје и скопјани сакаат работа и посветеност, иневестиции на секое поле, а тоа се работи кои од СДСМ не ги видоа. СДСМ продолжува да тоне во Скопје, затоа што скопјани не се нискоинтелегентни за да им поверуваат на лагите. СДСМ губи и ќе изгуби и во вториот круг. Затоа што Скопје и скопјани сакаат претседател на државата кој е за право и правдина. Скопје ќе ја избере Гордана Силјановска Давкова, пишува во партиското оопштение.

Извор Република

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here