Статус на Димитар Апасиев – Левица:
„Со сегашниот бојкот на второто полувреме, само ќе играме по нотите кои ни ги свират властодршците и ќе влеземе во нивното посакувано антидемократско сценарио, кое можеби веќе им е напишано во амбасадата на Кале.
Ќе овозможиме Таљат Џафери, а.к.а. командант Форина, да стане ‘ВД Прецедник-узурпатор’, кој со брзина на светлината ќе ги потпише противуставните шверцувани закони за ратификација на октроираниот ‘Преспански договор’ и за двојазичност, со што Уставниот суд нема да може да ги поништи поради формално-правни причини.
Ќе им дадеме алиби на овие митаџиски среброљупци да го променат уставниот систем на земјата и да воведат претседател-марионета кој, небаре е некој бирократски чиновник, ќе се бира ‘на тендер’ во парламентот – од уценетите и корумпирани пратеници, наместо директно од народот.“
„Со сегашниот бојкот на второто полувреме, само ќе играме по нотите кои ни ги свират властодршците и ќе влеземе во…
Posted by Левица / E majta / Levica on Thursday, April 25, 2019