Дома Македонија Вести Јанушев: За ваквите дрски лаги очекувам јавно извинување од Пендаровски, во спротивно...

Јанушев: За ваквите дрски лаги очекувам јавно извинување од Пендаровски, во спротивно ќе поднесам тужба за клевета!

514
0
АКЦИЈА

Стево шашардисан од резултатот и победата на ВМРО-ДПМНЕ, зариба.
Дотолку, што нема мака човекот да продолжи да лаже. А, лаже корне.

Бидејќи тој и Заев се фалат дека се знаат и се 102,5% исти, треба да знаат и дека јас немам никакво обвинение од СЈО. Или пак како што обично бива со нивната обвинителска испостава, ако нешто Стево знае пред време, треба да си каже човекот за да има уште една причина плус зошто обвинителството треба да се ослободи од политичко влијание.

Второ, СДСМ има апсолутна власт врз сите инспекции, институции и судската власт и тие исто како мене знаат дека јас немам никакви милиони, особено не спечалени на нелегален начин.

За ваквите дрски лаги очекувам јавно извинување од Пендаровски, во спротивно ќе поднесам тужба за клевета!

П.С. Туку што правиме со премиерот кој го видовме како бараше поткуп на видео снимка? Или тоа не е тема, не ја виде таа снимка Стево Пендаровски? Ете затоа за 2 години изгубија 200 илјади гласови, а часовникот отчукува.

И да, не е до метлата, до метларот е!

Стево шашардисан од резултатот и победата на ВМРО-ДПМНЕ, зариба.Дотолку, што нема мака човекот да продолжи да лаже. А,…

Posted by Igor Janushev on Friday, April 26, 2019

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here