Дома Македонија Петревски: 5-ти Мај е денот кога ќе огрее сонцето во Македонија

Петревски: 5-ти Мај е денот кога ќе огрее сонцето во Македонија

230
0
АКЦИЈА

Со порака за поддршка се огласи и Крсте Петревски член на извршниот одбор на ГРОМ и ги повика граѓаните да гласаат за Гордана Силјановска Давкова.
Текстот ви го пренесуваме во целост:

“5-ти Мај е денот кога ние граѓаните на Република Македонија ја имаме судбината во свои раце.

5-ти Мај е денот кога ние ќе решиме дали сакаме просперитетна држава Македонија или сакаме Северна во која следните 5 години ќе владее кланот Заеви и неговата булумента.

5-ти Мај е денот кога Македонците ќе кажат ДОСТА Е од лаги, од понижувања, од неправди, од корумпирано судство, од катастрофална економска состојба, од грабеж и рекет, од пратеници со лажен морал,вредности и преваранти, од непотизам, од без перспективност за младите, од Мира Дизел, од криминалот на фамилијата Заеви, од криминалот на Анѓушев, од неработењето на сите градоначалници на СДС, од уцените на ДУИ, од притворањето на политичките противници и уставо бранителите, од идиотскиот партиски привитимизам на Пендаровски, од катастрофалната состојба во здравството итн.

5-ти Мај е денот кога ние решаваме за нашата судбина.

Затоа ве повикувам масовно да излезете и гласате за број 2, за професорката Гордана Силјановска Давкова.

5-Мај е денот кога ќе решиме за Правда и Просперитет или ќе решиме за лажовот Зоран Заев и неговата булумента да владее уште 5 години.

5-ти Мај е денот кога ќе огрее сонцето во Македонија”

5-ти Мај е денот кога ние граѓаните на Република Македонија ја имаме судбината во свои раце.5-ти Мај е денот кога ние…

Posted by Petrevski Krste-Buce on Friday, May 3, 2019

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here