Дома Македонија Левица одлучи да ја поддржи професорката Гордана Силјановска Давкова

Левица одлучи да ја поддржи професорката Гордана Силјановска Давкова

252
0
АКЦИЈА

Президиумот на Левица, на синоќешната седница, одлучи да ја поддржи професорката Гордана Силјановска Давкова како кандидат за претседател на Република Македонија.

„Силјановска ја сметаме за атипичен претседателски кандидат. И покрај нашите несогласувања по одредени прашања, знаеме дека таа е изградена личност со неспорен кредибилитет, која што ефикасно ќе се спротивстави на политиката на коалиционата двојка СДСМ-ДУИ, личност која ќе се води по принципите на правото, правдата и етиката и нема да дозволи компромитација на својот интегритет.

Секој гласач на проф. Силјановска мора да ја држи за збор, будно да го следи секој нејзин чекор и да ѝ помогне да не потпадне под влијанието на големите партии СДСМ – ДУИ – ДПМНЕ. Нам сега ни треба реализирана и принципиелна личност за претседател, која нема да биде обична марионета, туку мудро ќе ги користи своите уставни овластувања со цел да не дозволи тотална власт на само една партија.

Во очи на вториот решавачки круг од Претседателските избори, разбираме дека е тешко да се партиципира во политичките збиднувања инструментализирани од власта, но токму сега мораме да ги смириме страстите и да размислуваме со ладна глава.

Колку и да се чини оправдан гневот против корумпирани елити, сепак на овие избори – каде бираме личност, а не партија – бојкотирањето ќе биде само во корист на властодршците и ќе овозможи актуелниот собраниски спикер да биде ВД претседател.

Левица одлучи: Даваме поддршка за професорката Силјановска

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here