Дома Македонија Едно лице почина, две се потешко повредени во сообраќајната незгода кај Крива...

Едно лице почина, две се потешко повредени во сообраќајната незгода кај Крива Паланка

360
0
АКЦИЈА

Едно лице почина, а две се здобија со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што се случи попладнево, околу 15 часот на магистралниот пат А2, Куманово – Крива Паланка – граничен премин Девет Баир.

-Несреќата се случила кај месноста Пашина воденицa, во атарот на селото Кркља, општина Крива Паланка, на делот од магистралниот пат од Крива Паланка кон Деве Баир. Во неа учествувале тешко товарно возило марка мерцедес и патничко моторно возило опел корса при што едно лице го загубило животот, а две се тешко повредени.

До незгодата дошло кога возачот на патничкото возило кој се движел од граничниот премин Деве Баир кон Крива Паланка удрил во товарното возило кое се движело во спротивниот правец.

Увид извршила екипа на Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка, детали за несреќата од СВР Куманово најавија за утре.

Поради сообраќајната несреќа сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка- граничен премин Деве Баир беше во прекин од 15 часот до 18 часот и 40 минути.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here