Дома Македонија Култура Почнува Саемот на книга во ВИП Арена „Борис Трајковски“

Почнува Саемот на книга во ВИП Арена „Борис Трајковски“

267
0
АКЦИЈА

Во ВИП Арена „Борис Трајковски“ денеска од 10 часот ќе биде отворен за посетители 31. Меѓународен саем на книгата, кој ќе трае до 14 мај. Работното време во седумте саемски денови е од 10 до 20 часот.

Ќе учествуваат околу 70 издавачи, а посетителите ќе може да купат книги со саемски попуст. Понудата е разновидна – од белетристика до научни и стручни книги, енциклопедии, литература за деца… Ќе има и околу 30 промоции во Промотивниот центар во ВИП Арената.

Покрај домашни, најавено е и учество на издавачки куќи од Србија, Косово, Албанија, Данска и од Унгарија, чија книжевност е во фокусот на годинашниот Саем на книгата.

Влезниците за саемот се по цена од 30 денари, односно 20 денари за групни посети. За полесен и директен пристап на посетителите до ВИП Арена „Борис Трајковски“, ЈСП „Скопје“ и оваа година воведува две вонредни автобуски линии од населбите Ново Лисиче (бр. 100) и Дексион (бр. 200).

Саемот на книгата втора година се организира во спортската сала „Борис Трајковски“ по затворањето на халите на старата локација. Од Скопски саем велат дека работат на изнаоѓање трајно решение за нов простор за саемски презентации, а дотогаш ВИП Арената е инфраструктурно најсоодветен заменски простор.

Според Скопски саем, лани имало и повеќе посетители од 2017 година, а некои од издавачите минатата година оценија дека спортската сала била солидно адаптирана и променетата локација не го сменила духот на манифестацијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here