Дома Магазин забава Здравко Чолиќ: На 15-ти јуни, на градскиот стадион, Македонците ќе можат да...

Здравко Чолиќ: На 15-ти јуни, на градскиот стадион, Македонците ќе можат да уживаат не во обичен концерт, туку во вистински спектакл.

192
0
АКЦИЈА

После двата успешни концерти во Скопје одржани кон крајот на минатата година, Македонците ќе имаат можност да уживаат и во трет, овој пат на „отворено“.

„ Добар ден на сите. Се враќам во некои времиња кога настапував на „стариот“ стадион. Но, познат ми е изгледот и на новиов, тука се играше финалето на Лигата на шампиони во фудбал, така што посебна чест и задоволство е да се настапи на овој стадион. Ова не беше моја идеја, туку на организаторите. После кратко размислување, и настапите во „Борис Трајковски“ во рамки на мојата концертна турнеја, која сè уште трае и предлогот да се направи и летен концерт овде, ја прифатив поканата и навистина е убаво што сум повторно тука. Се надевам дека и времето ќе нè послужи и ќе имаме вечер за паметење“, изјави Чолиќ на почетокот од средбата.

Организаторите, „Прагма продукција“ најавуваат дека ова ќе биде досега невиден концерт за нашите простори.

Сцената ќе биде висока околу 20 метри, долга околу 50 метри, а на неа освен Здравко, ќе има и многу гости, гудачки оркестар… Пиротехниката и специјалните ефекти ќе бидат исто така дел од доживувањето.

Чолиќ откри дека пред концертот ќе биде објавен и нов спот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here