Дома Македонија ЉУПЧО ЗЛАТЕВ: Павле ти шмркаш, ти си друже наркоман!

ЉУПЧО ЗЛАТЕВ: Павле ти шмркаш, ти си друже наркоман!

675
0
АКЦИЈА

Главниот уредник на Лидер и автор на емисијата Блиц, новинарот Љупчо Златев на социјалните мрежи направи патос со пратеникот Павле Богоевски, после вчерашниот скандал во кој на телефонските разговори кои беа објавени, Богоевски нарачува масло од канабис.

Авторот на емисијата Блиц новинарот Љупчо Златев, на социјалните мрежи објави статус во кој пишува дека Богоевски земал пола грам бело за 2500 денари и дека за набавка на црно на масло од канабис, луѓе лежат во затвор.

Златев бара оставка од Богоевски пошто наркомани не требаат во политиката и тоа немало врска со приватност, туку има врска со трезвеност да се обавува јавна функција.

Во продолжение ви го пренесуваме Фејсбук статусот на новинарот Љупчо Златев.

„Пајо друже, во маслото за канабис нема жаргонска мерка единица “пола” (се мисли на грам), туку се мери во “кубици”. Ти таму велиш спреми ми “пола”, ама друже пола кубик не е 2500 (две ипол илјади), туку е 500-600 денари. Така што не е масло, можам да се обложам. Башка во терапија, пола кубик уље за 2-3 дена се троши.
Дополнително, производството и продажбата на масло од канабис е регулирано со закон а очигледно според неговото тврдење, Пајо купувал на црно што е исто како да купувал дрога.
За набавка на црно на масло од канабис, луѓе лежат во затвор – ајде Пајо, пријави се во обвинителство и придружи им се. Откриј кој го произведува, нека лежи и тој.
Така да друже, не лажи. Си земал пола грам бело за 2500 денари и тоа е тоа… Сега дај си оставка, пошто наркомани не ни требаат во политика – тоа нема врска со приватност (како што велиш), туку има врска со трезвеност да се обавува јавна функција.
П.С. Твојата наркоманија на бело, не ја пери со барање за легализација на канабис – тоа се две сосем различни категории. Ти шмркаш (тужи ме еве ако лажам, па ќе те вештачиме), значи, ти си друже наркоман!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here