Дома Македонија Трагедија: Сообраќајка кај Драчево, пет лица загинаа (ФОТО)

Трагедија: Сообраќајка кај Драчево, пет лица загинаа (ФОТО)

2210
0
АКЦИЈА
Фото: Курир.мк

Ноќеска пред влезот на скопската населба Драчево, се случи тешка сообраќајна несреќа, во која според првичните неофицијални информации на лице место загинале три лица, а две лица со тешки повреди подоцна починале во скопските клиники.

До несреќата дошло кога се судриле рено5 кампус и камион за собирање на смет.

Очевидци изјавуваат дека реното се движело со преголема брзина и изгубило контрола и удрило во камионот.

Фото: Курир.мк

Според првичните, нeoфициjaлни информации, во нecpeќaтa нacтpaдa цело ceмејство, а помеѓу зaгинaтитe има и дeцa. Еден од зaгинaтитe е и пopaнeшeн пoлицaeц вработен во ПС Драчево. На лицe мecто излезе yвиднa екипа, заедно со јавен oбвинитeл.

Полицијата најавува детали за вечерашната несреќа во текот на утрешниот ден.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here