Дома Македонија Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на ДУИ...

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на ДУИ Али Ахмети.

300
0
АКЦИЈА

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на политичката партија Демократска унија за интеграција, Али Ахмети.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во Република Македонија. Претседателот Пендаровски укажа на потребата во периодот што претстои сите политички чинители да имаат одговорен пристап и да ги насочат своите капацитети кон исполнување на реформската агенда, а со цел отпочнување на пристапните преговори за членство со Европската унија.

На средбата претседателот Пендаровски порача дека Република Македонија е исправена пред историска шанса да се потврди како партнер и рамноправен дел од најзначајните сојузи во светот – Европската унија и НАТО. Тоа, според претседателот Пендаровски, е единствениот пат кој води кон стабилност и просперитет на државата и на регионот. Оттаму, посочи претседателот Пендаровски, потребно е сите политички фактори во Република Македонија да се насочат кон помирyвање и обединyвaњe околу стратешките цели на земјата.

Претседателот на ДУИ, Ахмети, упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во работата.

Извор Инфомакс

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here