Дома Магазин Тијана Дапчевиќ откри ексклузивна информација: Тамара ќе снима дует со Швеѓанецот

Тијана Дапчевиќ откри ексклузивна информација: Тамара ќе снима дует со Швеѓанецот

365
0
АКЦИЈА

Тијана Дапчевиќ откри ексклузивна информација во интервју на српската телевизија „Пинк“ и рече дека нејзината сестра и овогодишна претставничка на Македонија на Евровизија, Тамара Тодевска ќе снима дует со Швеѓанецот.

На Евровизија Шведска беше претставувана од Џон Лундвик, кој се бореше со Тамара за првото место во бодувањето на гласовите од жирито, а на крај го освои шестото место.

Тој и пришол и и рекол „Чекај бре, зар е можно да не си црнкиња? Кој може уште така да пее – раскажа Тијана според која Тамара се спријателила и со Италјанецот, кој ја имаше најпопуларната песна на овогодишното издание на манифестацијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here