Дома Магазин “Биди силна до крај” песната на прерано починатиот Тоше Илиевски, ја отпеа...

“Биди силна до крај” песната на прерано починатиот Тоше Илиевски, ја отпеа неговиот колега Блаже Билбиловски

260
0
АКЦИЈА

Блаже Билбиловски е ново младо музичко име на естрадата. Тој деновиве ја промовираше својата нова песна “Биди силна до крај”. Всушност песната е дело на прерано починатиот негов колега Тоше Илиевски кој како аманет ја оставил на Блаже па со должна почит кон него Баже ја носи на сцената пред слушателите. пренесе Естрада Плус

-Задоволство ми е што присуствувам тука да ја испромовирам мојата нова песна, моето музичко парче. Се вика “Биди силна до крај” чии автори се , музика на Бошко Билбиловски, аранжман на Љупчо и Тони и текст на мојот прерано починат пријател, другар и долгогодишен соработник Тоше Илиевски. Песната се роди на еден сосема интересен начин. Тоше беше кај мене дома на гости и бидејќи таткоми е автор на музиката со Тоше дојдоа до идеја да направат нешто интересно. Тоше веќе го имаше текстот на песната, а таткоми ја имаше смислено музиката, се совшадна сето тоа и испадна едно интересно парче, истакнува Блаже.

Сепак и покрај готовиот производ на оваа музичка нумера, Тоше не стигна да ја отпее и промовира таа песна, па затоа Блаже го направи тоа.

-За жал, Тоше не стигна да ја отпее песната. Не стигна ни да ја слушне, па аманетот го исполнувам јас, истакнува Блаже.

Инаку Блаже од својата најрана возраст се занимава со музика, при што свири на саксафон,а во периодов најавува почеток и на своја солистичка кариера. Покрај оваа песна тој во подготовка има и нова песна која ќе биде во поп верзија и за која планира да има поголема промоција со видео запис за истата.

Извор ЕстрадаПлус

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here