Дома Свет Европа Голема акција во Австрија: Падна нарко мафија од Балканот

Голема акција во Австрија: Падна нарко мафија од Балканот

1028
0
АКЦИЈА

Сојузната криминалистичката служба на Австрија и зададе тежок удар на меѓународна нарко мафија, која била составена од лица од Балканот.

Во акција на полицијата биле уапсени 14 осомничени лица и била запленета дрога во вредност од 8,6 милиони евра.

Кај осомничените биле пронајдени 112 килограми кокаин, 71 килограм амфетамин, 19 килограми хашиш и пет килограми канабис.

Според информациите на полицијата, станувало збор за мафијашка гранка чии врски достигнувале до Јужна Америка, од каде го добивале кокаинот.

Истрагата ширум Европа, под раководство на австринската полиција, уште во 2017 година им влегла во траг на оваа српско-црногорска групација, која со месеци ја следели.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here