Дома Македонија Вести Павле Богоевски поднесе оставка (Видео)

Павле Богоевски поднесе оставка (Видео)

1237
0
АКЦИЈА

Пратеникот од редовите на СДСМ и претседател на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, Павле Богоевски, објави дека се повлекува од пратеничката функција. Неговата објава ја соопштил за време на седницата на Комисијата каде на двневен ред е дискусија околу одземањето на мандатот на Никола Груевски. По објавувањето на оставката седницата на комисијата ја води заменичката Снежана Калеска Ванчева.

Оставката на Богоевски следува по скандалот со објавената снимка од телефонски разговор во која се слуша како нарачува забранета супстанција. Наспроти тврдењето дека Богоевски нарачувал кокаин, тој тврдеше дека нарачал масло од канабис за негов близок пријател.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here