Дома Здравје Филипче го разреши економскиот директор на гинекологија Валон Беља

Филипче го разреши економскиот директор на гинекологија Валон Беља

378
0
АКЦИЈА

Министерот за здравство, Венко Филипче, го разреши од функцијата економскиот директор на Клиниката за гинекологија, Ваљон Беља.

Претходно Беља преку објава на Фејсбук обвини за незаконски дела извршени на Клиниката. Тој напиша дека и министерот за здравство и други службени лица биле предупредени за тоа што се случува на Клиниката, но немало реакција од нив, па затоа тој бил обврзан јавно да проговори. Беља пишува за долговите на клиниката се зголемуваат и институцијата лошо се раководи, а обвини и дека медицинската директорка Викторија Јовановска фаворизира компании кои вршат лабораториски тестови. Беља дава и примери, со кои, според него, се доведува во прашање здравјето на новороденчињата. Денеска тој документите што ги има ги достави до Јавното обвинителство.

Јовановска, пак, вели дека Беља ја уценувал затоа што не сакала да потпише договори на двајца негови советници.

„Рече дека ако не ги потпишам овие договори, ќе пушта „бомби“ и ќе оди во Обвинителство. Нека оди и нека дава изјава, јас сметам дека има власт во оваа држава која тоа ќе го утврди“, рече Јовановска и најави кривична за Беља.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here