Дома Македонија Култура Конкурс за доделување на наградата „Антево перо“ за 2019 година

Конкурс за доделување на наградата „Антево перо“ за 2019 година

223
0
АКЦИЈА

Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ распишува Конкурс за доделување на наградата „Антево перо“ за 2019 година, востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски.

Пропозиции:

-Наградата „Антево перо“ за 2019 година се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис).

-На Конкурсот можат да се јават сите автори кои имаат необјавена збирка поезија на македонски јазик, без разлика на националноста, возраста, литературниот „стаж“ или државата во која живеат.

-Наградата се состои во непрофитно објавување на поетскиот ракопис, со назнака на името на наградата на корицата од книгата, и со отстапување на комплетниот тираж (300 примероци) на авторот.

-Книгата ќе биде квалитетно претставена и промовирана со посебен осврт од наш истакнат литературен творец во рамките на самата манифестација.

-Пристигнатите ракописи ќе ги разгледува тричлена Комисија, во состав: Венко Андоновски (професор и писател), д-р Атина Цветаноска, (книжевен истражувач) и Жорж Поповски (новинар, член на семејството на Анте Поповски). Третиот член, и за следните години и состави на комисиите, има право на вето на одлуката наКомисијата, доколку смета дека делото кое Комисијата сака да го награди е под достоинството на поетското творештво на Анте Поповски, или го навредува јавниот и естетскиот вкус.

-Кандидатите треба своите ракописи да ги достават во електронска форма, во pdf или word формат на електронската адреса: antevopero@gmail.com, заклучно со 25 август 2019 година.

-Кандидатите можат ракописот да го достават под свое име и презиме, или под шифра. Во вториов случај, авторството го докажуваат со копија од ракописот, по објавувањето на резултатите.

-Кандидатите не мора да го чекаат последниот рок, затоа што Комисијата ќе ги прегледува пристигнатите поетски збирки сукцесивно, онака како што пристигнуваат.

-Комисијата својата одлука ќе ја соопшти за време на манифестацијата што ќе се одржи од 27 до 29 септември 2019 година.

Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ ќе се одржи од 27 до 29 септември 2019 година, во Скопје и Лазарополе.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here