Дома Македонија Утре ќе продолжи седницата за одземање на мандатот на Никола Груевски.

Утре ќе продолжи седницата за одземање на мандатот на Никола Груевски.

138
0
АКЦИЈА

Во собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетски прашања утре ќе продолжи седницата за одземање на пратеничкиот мандат на поранешниот премиер Никола Груевски.

Откако претседателот на оваа Комисија Павле Богоевски најави оставка од пратеник, се најавува дека со првото продолжение на комисиската седница ќе претседава заменик-претседателката на ова тело Снежана Калевска Ванчева.

Комисијата треба да даде препорака за одземање на мандатот на Груевски поради шестмесечно неоправдано отсуство од Собранието.

Конечната одлука ја носи парламентот со двотретинско мнозинство, така што одлучувачки ќе бидат гласовите на ВМРО-ДПМНЕ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here