Дома Спорт Мак Спорт СТОИЛОВ: Моите соиграчи ќе раскажуваат во своите држави за Вардар и за...

СТОИЛОВ: Моите соиграчи ќе раскажуваат во своите држави за Вардар и за Македонија!

559
0
АКЦИЈА

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов ја отвори вечерашната програма на плоштадот „Македонија“.

Стоилов им се заблагодари на своите соиграчи и кажа дека тие се најдобрите амбасадори на земјава. Тој рече дека голем дел од нив не се Македонци и еден ден ќе си одат во нивните држави и ќе кажуваат за Македонија.

„Еј луѓе, ова вторпат го велам: „Вардар е европски првак!“.

Голем дел од нив не се Македонци и еден ден ќе си одат во нивните држави и ќе кажуваат. Си беше еднаш еден Вардар, во една Македонија. Верувајте, најубавиот дел од нивните кариери ќе им биде Вардар. Да живее Вардар, да живее Република Македонија!“, додаде Стоилов.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here