Дома Македонија Тројца повредени во сообраќајка на патот Штип – Кочани,

Тројца повредени во сообраќајка на патот Штип – Кочани,

408
0
АКЦИЈА

Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Штип – Кочани во близина на клучката кај селото Уларци.

Како што информира портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, незгодата се случила околу 16:10 часот, меѓу три возила.

Според привичните информации, повредените патници се хоспитализирани во Општата болница во Кочани. Засега не се знае тежината на нивните повреди.

Во моментов сообраќајот на овој патен правец е стопиран во двете насоки и сообраќајот од Штип кон Кочани се одвива преку алтернативните патишта. Возилата се приклучуваат преку селата Долни Балван, потоа Карбинци, па поминуваат преку селото Борилчево и излегуваат на клучката кај селото Кучичино и Чешиново.

Во моментов екипа на крим техника од СВР Штип и основен јавен обвинител вршат увид на местото на несреќата. Повеќе детали од полицијата најавуваат по завршувањето на увидот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here