Дома Свет Европа Макрон сака да ја види Меркел на чело на ЕК

Макрон сака да ја види Меркел на чело на ЕК

55
0
АКЦИЈА

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе ја поддржи германската канцеларка Ангела Меркел да стане претседателка на Европската комисија, главното европско извршно тело.

Сепак, Меркел стави до знаење дека нема да бара работа во европската институција по истекот на нејзиниот мандат на канцеларка.

„На Европа ѝ се потребни познати лица, силни личности, потребни ѝ се луѓе кои имаат личен кредибилитет и компетентност за своите должности“, рече Макрон.

Макрон и Меркел учествуваа во обележувањето на 100-годишнината од Меѓународната организација на трудот во вторникот во Женева, но не се сретнаа на маргините на настанот, изјавија извори од француската и германската влада.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here