Дома Популарно Рускиот проект „Кулата Тесла” ќе создава електрична енергија за целиот свет

Рускиот проект „Кулата Тесла” ќе создава електрична енергија за целиот свет

1892
0
АКЦИЈА

Физичарите сакаат да ја реконструираат познатата кула Тесла (Варденклиф) и да ја реализираат замислата за бежичниот пренос на енергија на големи растојанија.

Леонид и Сергеј Плеканов од Русија собираат средства за финансирање на проектот со кој, како што тврдат, ќе биде решен глобалниот проблем со недостаток на електрична енергија.

Физичарите сакаат да ја реконструираат познатата кула Тесла (Варденклиф) и да ја реализираат замислата за бежичниот пренос на енергија на големи растојанија.

Научниците од Московскиот институт за физика и технологија со години ги проучувале патентите на Никола Тесла и веруваат дека неговиот најамбициозен проект, трансконтиненталниот пренос на енергија може да стане реалност.

Тие преку интернет покренале акција за собирање на 800.000 долари, колку што им е неопходно за да повторно ја реконструираат кулата Варденклиф. Станува збор за кула подигната а почетокот на 20-тиот век во Близина на Њујорк, која би требало да пренесува енергија преку Атлантикот, но никогаш не била завршена и ја урнале во 1917-та година.

Плеканови исто така планираат да постават соларни панели на површина од 100.000 квадратни метри, некаде во пустина. Тие сметаат дека на тој начин целиот свет би бил снабден со енергија, а ќе исчезне и потребата од кабли.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here