Дома Македонија Вести СДСМ ВО НЕДЕЛА ЌЕ ОДРЖИ ЦЕНТРАЛЕН ОДБОР ВО ОХРИД

СДСМ ВО НЕДЕЛА ЌЕ ОДРЖИ ЦЕНТРАЛЕН ОДБОР ВО ОХРИД

230
0
АКЦИЈА

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во видеообраќање сподели дека ги известил и ги поканил сите членови на Централниот одбор на партијата на 16 јуни, недела, во Охрид да присуствуваат на седница на ЦО.

На седницата ќе разговараме за суштинските промени во партијата, за новиот систем на работа и делување, за напредокот на државата и очекувам да го заокружиме изборот на раководните органи на СДСМ. Промените во СДСМ продолжуваат во интерес на граѓаните и забрзување на напредокот на земјата, вели Николовски.

Ги известив и ги поканив сите членови на Централниот одбор на СДСМ, како и оние кои по функција присуствуваат, дека в недела, на 16-ти, во Охрид, ќе се одржи седница на ЦО.На седницата ќе разговараме за суштинските промени во партијата, за новиот систем на работа и делување, за напредокот на државата и очекувам да го заокружиме изборот на раководните органи на СДСМ.Промените во СДСМ продолжуваат во интерес на граѓаните и забрзување на напредокот на земјата, за нас #ЗборотВажи.#СДСМ

Posted by Ljupcho Nikolovski on Thursday, June 13, 2019

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here