Дома Магазин Оpганизaцијата „Свети Спас“ ја вpаќа надежта кај луѓето

Оpганизaцијата „Свети Спас“ ја вpаќа надежта кај луѓето

763
0
АКЦИЈА

Љубовта и хуманоста треба да бидат во срцето на сите верници, особено за време на празниците. Ова го порачува Отец Оливер Петровски од организацијата „Свети Спас“ која им помага на најсиромашните и најранлиците. Нејзината цел е да ја врати надежта и вербата кај луѓето.

Бројот на семејства кои бараат помош постојано се зголемува, додава Отец Оливер. Организација соработува со повеќе граѓаните но и бизнис секторот. Вели дека има мали фирми кои се вклучуваат во речиси секоја акција, но и големи компании, кои не сакале да помогнат.

Отец Оливер вели дека државата недоволно се вклучува да им помогне на најсиромашните семејства па таа улога ја преземаат хуманитарните организации.

Втемелена на идејата за хуманост, на личен труд и на ентузијазам, „Свети Спас“, црквата во Драчево, е подготвена за акцијата пред Божиќ, вели Отец Оливер кој заедно со неговите помошници ќе носат пакетчиња со храна и лична хигиена за децата од социјално загрозените семејства.

И да сакате, пари во „Свети Спас“ не можете да оставите. Оваа организација ниту прима, а ниту работи со финансии. Во случаи кога помагаат за болести, отец Оливер ги спојува донаторите со оние на кои им се потребни парите, за да им ги дадат средствата директно.

Организацијата „Свети Спас“ постои веќе три години, а отец Оливер е задоволен оти во неа членуваат и десетгодишни деца, кои на хуманост секојдневно ги учат и повозрасните.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here