Дома Македонија Вести Владиниот авион на сервис, Заев и Пендаровски со комерцијален лет на службени...

Владиниот авион на сервис, Заев и Пендаровски со комерцијален лет на службени патувања. Пиар стратегија или само коинциденција?

264
0
АКЦИЈА

Шефот на државата и претседателот на владата на социјалните мрежи се појавија на фотографии како патуваат накај Брисел, односно се враќаат од Виена со редовен лет.

Доколку станува збор за пиар стратегија, во дел на очите на јавноста изгледа како лош чекор за глумење на скромност особено откако се потврди дека владиниот авион е во Германија на редовен сервис.

Дополнително, летањето со комерцијални летови и сервисот на владиниот авион се коинцидира со барањето на функционерите за купување на нов авион кој би чинел од 15 до 20 милиони евра, но според директорот за агенција на воздухополовство Томислав Тунтев тоа би можело да биде и исплатлива инвестиција ако се пресметаат цените на комерцијалните летови созголемената потреба за патување поради евро интегративните процеси.

Дузината советници и фукнционери во Владата кои се задолжени за ПР стратегијата, направија низа грешки.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here