Дома Македонија Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

989
0
АКЦИЈА

Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето по хотели во Тетово и наплаќале за услугите.

Жената дознала од ќерка си дека нејзината петнаесетгодишна другарка нема татко и живее само со болна мајка во тешки семејни и материјални услови. Таа го земала девојчето во својот дом и преку интернет комуникација договарала средби и сексуално го експлоатирала детето.

„Осомничената го терала девојчето лажно да се претставува како полнолетно и го испраќала или го носела со свое возило по хотели во Тетово, каде по претходен договор за одреден паричен надомест, им овозможила на други лица да користат сексуални услуги од детето“, соопштија од Обвинителството.

Второосомничениот, кој ѝ бил сосед на осомничената, иако знаел дека девојчето е малолетно и знаел за сексуалнатa злоупотреба, наместо да го пријави кривичното дело, истиот го искористил девојчето за остварување на парична заработка.

Случајот во полиција го пријавило девојчето. На двајцата осомничени им е определен притвор од 30 денa

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here