Дома Популарно Трамп одобрил напад врз Иран, но во последен момент го откажал

Трамп одобрил напад врз Иран, но во последен момент го откажал

473
0
АКЦИЈА

Американскиот претседател Доналд Трамп одобри напад врз Иран поради соборување на американското беспилотно летало, но по неколку часа тој се повлече и го откажа нападот, пишува „Њујорк тајмс”.

Трамп првично одобрил напад на одреден број избрани цели, како што се радарски и ракетни системи, според информации од високи административни службеници вклучени или информирани за темата.

Нападите биле закажани за петок пред зори за да се намали ризикот за иранската војска или цивилите, додаваат.

„Авионите веќе беа во воздух и бродовите на своите позиции, но ниту еден проектил не беше лансиран кога пристигна пораката: Откажете“, Њујорк тајмс цитираше висок официјален претставник од Белата куќа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here