Дома Македонија Вести Заев со одговор до Антикорупциска: Министер за финансии ќе бидам додека не...

Заев со одговор до Антикорупциска: Министер за финансии ќе бидам додека не се избере некој друг

390
0
АКЦИЈА

Премиерот Зоран Заев на денешната седница на Собранието го повлече предлогот тој самиот да биде и министер за финансии и рече дека со овој ресор ќе раководи додека не биде избран нов министер.

Образложувајќи го овој чекор, тој рече дека мора да се послушаат сугестиите на опозицијата, како и Антикорупциската комисија, која, според него, испратила сериозна порака.

Антикорупциската комисија денеска го извести Собранието дека предлогот премиерот Зоран Заев да биде истовремено и министер за финансии е спротивен на Законот за спречување корупција и судир на интереси, бидејќи, согласно законот, двете функции се неспоиви.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here