Дома Свет Европа Голем шумски пожар во Грција, познато летувалиште во пламен!

Голем шумски пожар во Грција, познато летувалиште во пламен!

335
0
АКЦИЈА

Противпожарната служба на Грција рано утрово делумно го стави под контрола шумскиот пожар што избувна синоќа во местото Каристос во јужниот дел на грчкиот остров Евија.

Час и половина по полноќ, од грчката противпожарна служба соопштија дека превентивно биле евакуирани жителите од куќите кои се наоѓаат во близина, иако не станува збор за густо населено место.

Во справувањето со огнените јазици, синоќа учествуваа 34 пожарникари со 17 возила, две пешадиски единици на противпожарната служба и четири цистерни со вода.

Σε δασική έκταση στην περιοχή Καρύστου στην Εύβοια. Έχουν κινητοποιηθεί 17 οχήματα με 34 Πυροσβέστες, 2 ομάδες πεζοπόρο τμήμα και 4 υδροφόρες ΟΤΑ.Πηγή κειμενου: Πυροσβεστικό Σώμα. ΒΙΝΤΕΟ είναι πριν λίγο.

Posted by Forecast Weather Greece on Wednesday, June 26, 2019

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here