Дома Македонија Економија УЈП: Сметката на 1 ТВ навистина е блокирана! – 1ТВ КОНТРА УЈП:...

УЈП: Сметката на 1 ТВ навистина е блокирана! – 1ТВ КОНТРА УЈП: Сметката не ни е блокирана

459
0
АКЦИЈА

Од УЈП потврдија дека сметката на 1ТВ е блокирана.

Управата за јавни ја приходи ја блокирала сметката на 1 ТВ, пишуваше утрово „Фактор“.

Нивната редакција утрово побара одговор од УЈП, дали и зошто е блокирана сметката на телевизијата на Бојан Јовановски или попознат како Боки 13. 1 ТВ почна да зрачи во етерот во март 2018 година, година и половина подоцна телевизијата се соочува со блокирана сметка.

УЈП напишаа соопштение во кое се вели дека сметката на телевизијата чија сопственост е на Боки 13, е блокирана.

Ве известуваме дека согласно Законот за даночна постапка УЈП е обврзана сите документи, информации, податоци или други факти до коишто дошла во даночна, прекршочна или судска постапка, да ги чува како даночна тајна“, се вели во одговорот од УЈП, од каде потврдија дека сметката на 1ТВ чиј сопственик е Бојан Јовановски, е блокирана.

Телевизијата на Бојан Јовановски тврди дека сметката на 1ТВ е активна а не блокирана и покрај тоа што од Управата за јавни приходи по информациите кои ги објави утринава Фактор потврдија дека даночниците ја блокирале сметката.

На сајтот на телевизијата пишува дека менаџментот ги демантира пишувањата кои се потврдени од УЈП и истото како што е објавено на нивната интернет страница велат можело да се потврди со увид во банкарска потврда.

За крај почитувани читатели оставаме на вас да заклучите дали живееме во правна држава

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here