Дома Свет Балкан Рама се надева на победа, опозицијата повикува на бојкот на утрешните локални...

Рама се надева на победа, опозицијата повикува на бојкот на утрешните локални избори

288
0
АКЦИЈА

Гласачите во 61 град и општина во Албанија во недела бираат градоначалници, а на половина од овие места нема противкандидати за владејачките социјалисти, пишува „Дојче Веле“ (ДВ).

Покрај тоа, опозицијата повика на бојкот и смена на премиерот Еди Рама, а постои и страв од насилни конфликти на денот на изборите, поради што властите ангажираа и воени командоси.

Пред четири месеци, целиот опозициски блок ги врати своите мандати и целосно го напушти албанскиот парламент. Наместо тоа, опозициските партии и нивните поддржувачи излегоа на улиците, обвинувајќи ја владата за корупција и изборна измама со купување гласови на парламентарните избори во 2017 година, притоа барајќи оставка на премиерот Рама и предвремени избори. Албанскиот премиер константно ги негира и одбива ваквите обвинувања.

Рама, пак, во пресрет на утрешните избори порача дека опозицијата на нив ќе го добие конечниот удар, кој, како што вели, ќе го означи крајот на политиката која ја држела албанската држава како заложник цели 30 години.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here