Дома Македонија Вести Сојузот за живот: „Бракот е заедница единствено помеѓу маж и жена“

Сојузот за живот: „Бракот е заедница единствено помеѓу маж и жена“

515
0
АКЦИЈА

Со транспаренти „Полот е биологија, а не идеологија и „Бракот е заедница единствено помеѓу маж и жена”, истовремено со Парадата на гордоста, се одржа и марш за промоција на семејните традиционални вредности.

Учесниците на овој марш велат дека никој не е против поразличните, но сметаат дека тие не смеат да наметнуваат новокреирани вредности кои се против продолжување на семејните гранки.

За верниците, западните земји ни наметнуваат антитрадиционална пропаганда која има за цел редефинирање на бракот и семејството.

Собирот започна со утринска литургија во црквата Света Богородица на која присуствуваше владиката Агатангел кој ги повика верниците да се придружат на маршот низ улиците во Скопје.

Освен од МПЦ, присуствуваа и членови на ИВЗ, Католичката црква, Еврејската заедница и други граѓански здруженија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here