Дома Магазин забава Бели ноќи во Санкт Петербург: Како нивната магија ја гледаат корисниците на...

Бели ноќи во Санкт Петербург: Како нивната магија ја гледаат корисниците на „Инстаграм“? (ФОТО)

755
0
АКЦИЈА

Од крајот на мај до почетокот на јули овој град станува уште поромантично место отколку што обично е. Тогаш врз градот воопшто не паѓа мрак, туку цели ноќи владее заносен белузлав самрак.

Зад поларниот круг летниот ден нема крај, а некои руски градови се наоѓаат толку блиску до него што во нив за време околу летната рамноденица можете да го доживеете природниот феномен на „белите ноќи”. Сонцето тука заоѓа само на неколку часа, а всушност цела ноќ не паѓа мрак.

Санкт Петербург е познат по тоа што пружа уникатно доживување на оваа природна појава. Туристи од Русија и целиот свет во ова време од годината навалуваат во градот на Нева за да уживаат во ноќните возења со чамец по каналите и прошетките по неговите преубави улици.

Но, бидете внимателни! Атмосферата во градот станува толку романтична што лесно може да ви се случи да се вљубите во апсолутно непозната личност… како што му се случи на јунакот од новелата на Достоевски „Бели ноќи“, кој поверува дека ја сретнал љубовта на својот живот.

Извор Russia Beyond

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here