Дома Популарно Трамп стана првиот американски претседател кој стапнал на тлото на Северна Кореја.

Трамп стана првиот американски претседател кој стапнал на тлото на Северна Кореја.

385
0
АКЦИЈА

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во демилитаризираната зона на Корејскиот Полуостров, се ракуваше со него, а потоа ја премина линијата која ги дели двете Кореи.

Со тоа Трамп стана првиот американски претседател кој стапнал на тлото на Северна Кореја. – Да се премине таа линија е голема чест, голем напредок е постигнат, големо пријателство е склопено, изјави Трамп.

Tој пеш ја мина границата меѓу Северна и Јужна Кореја во селото Панмуџон, каде во 1953 година е потпишано примирје. – Ова е голем ден за светот, изјави Трамп на границата меѓу двете Кореи. – Тоа значи дека сакаме да го запреме несреќното минато и да се обидеме да создадеме нова иднина.

Ким изрази надеж дека ќе бидат „совладани пречките“ во односите со Трамп. Американските меидуми известуваат дека севернокорејскиот лидер изгледал опуштено и задоволно додека разговарал со Трамп.

– Ова е израз на неговата волја да работи на нова иднина, истакна Ким. Американскиот претседател го повика својот севернокорејски колега да го посети во Белата куќа, а Ким потенцираше дека би било голема чест Трамп да го посети во престолнината Пјонгјанг.

Donald Trump meets Kim Jong Un in the Demilitarized Zone

WATCH: US President Donald J. Trump and North Korea’s Kim Jong Un shake hands at DMZ, as Trump becomes first sitting US President to cross the demarcation line. (Video: AP)

Posted by CNA on Sunday, June 30, 2019

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here