Дома Македонија Економија Долгот алармантно расте: Владата утре ќе се задолжува за нови 10 милиони...

Долгот алармантно расте: Владата утре ќе се задолжува за нови 10 милиони евра

353
0
АКЦИЈА

Утре Владата ќе се задолжува за нови 620.000.000 денари или огромни 10 милиони евра. Имено, на официјалната страна на Министерството за финансии објавена е аукција на државни хартии од вредност закажана на 02.07.2019 година, анализира порталот ЕКОНОМСКИ.

Задолжувањата енормно растат и според експертите достигнуваат алармантно ниво. Додатно, со слабата реализација на капиталните инвестиции вклучително со месец Мај кои изнесуваат очајни 13 % економистите велат дека состојбата во економијата не се движи по добар пат.

-Имено, познавачите велат дека енормни задолжувања кои не се пропратени со истата динамика на градење и вложување од страна на државата во капитални проекти може да значи опасност по целокупната економија. Понатаму, јавниот долг на државата континуирано расте односно достигна 50 % од Бруто домашниот производ што според сите финансиски институции не претставува добар знак. Исто така според проекциите на Светска Банка и ММФ јавниот долг на државата се очекува да порасне и до 53 % од БДП до 2021 година, анализира порталот.

Инаку, Владата лани ветуваше дека 2019 година ќе биде година на економијата и ветуваше инфраструктурен и инвестициски бум, но ништо од ветеното не се случи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here