Дома Популарно Ѓубриште на улица „Скупи“- жителите гневни, општина Карпош без реакција

Ѓубриште на улица „Скупи“- жителите гневни, општина Карпош без реакција

95
0
АКЦИЈА

Расфрлано ѓубре и отпад и лоша миризба од истото- ова е сликата на скопската улица „Скупи“ кај Психијатриската болница Бардовци.

Наместо слободно да се движат по тротоар, жителите се приморани да го заобиколуваат отпадот кој е на сите страни.

Неколку пати за помош се обраќале и до општината Карпош со која раководи градоначалникот Стефан Богоев, но од таму добиле одговор дека тоа е приватна сопственост и не е под нивна надлежност.

Жителите реагираат дека тоа е јавна површина, за која сметка мора да води општината.

Извор Курир

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here