Дома Македонија Кривична за Рашковски за тендерот во М-НАВ

Кривична за Рашковски за тендерот во М-НАВ

468
0
АКЦИЈА

Кривична пријава против генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, како и докази за негова наводна вмешаност во местење на тендер за опрема за „Македонска Навигација“ (МНАВ) поднесе ВМРО ДПМНЕ до Јавното обвинителство. Заедно со пријавата доставени се и материјали докази за инволвираноста на Рашковски во тендерот вреден седум милиони евра.

„Информациите кои излегоа во медиумите укажуваат дека Рашковски доделува тендер на италијанската компанија Леонардо за набавка на систем за управување со воздушниот простор во вредност од 7 милиони евра, иако важноста на тендерската документација е истечена, спротивно на заклучокот на владата, како и во спротивност со одредени законски решенија, за кои како што се вели во снимките требало да бидат сменети. Постојат сериозни индиции дека Рашковски сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 според кое му се заканува казна затвор од најмалку 5 години“, вели Иванка Василевска, член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ која ја достави пријавата до Јавното обвинителство.

Опозицијата побара Обвинителството по допрен глас да ги истражи и сомневањата дека Рашковски бил вклучен во наводни местења на тендери и во Министерството за здравство.

Според Василевска, на Рашковски треба да му биде определен и притвор поради можноста да побегне од државата, да влијае на сведоците, но и да го повтори делото.

„Очигледно е дека случајот Рашковски добива нови и досега невидени размери. Токму затоа Јавното обвинителство треба веднаш да се позанимава со овој функционер, десна рака на Заев и да ги истражи како овие, така и други случаи во кои е вмешан Рашковски. ВМРО-ДПМНЕ му ги поднесе денес материјал на Републичкиот Јавен обвинител, и доколку тој не ги има видено од медиумите, може да биде запознаен со случајот денес“, вели Василевска.

Во петокот во медиумите се објави аудио снимка и транскрипт од разговор за којшто се тврди дека учествува Рашковски и други лица вклучени во спроведување на тендерот. Според разговорот, генералниот секретар и останатите бараат начин како да се заобиколи одлуката на Влада за повторување на тендерската постапка и договорот да се додели на италијанската фирма Леонардо.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here