Дома Македонија Економија Новите цени за роаминг: Појдовен повик ќе чини 4.31 денар, дојдовен 2.46,...

Новите цени за роаминг: Појдовен повик ќе чини 4.31 денар, дојдовен 2.46, еден мегабајт интернет 1,54 денари

404
0
АКЦИЈА

Од денеска стартува поевтиниот роаминг со земјите од регионот. Намаленото „ало“ ќе важи за Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово.

Од Агенцијата за електронски комуникации потврдуваат дека поевтинувањето е 90 проценти и во текот на денот ценовникот ќе го објават на нивната страница.

За појдовен повик намалувањето е 95 проценти, за дојдовен 93, за СМС 87 проценти и повеќе од 90 проценти за интернет услуги. Тоа значи дека појдовен повик ќе ве чини 4.31 денар, дојдовен 2,46 денари, а еден мегабајт интернет 1,54 денари. На овие цени се додава и ДДВ. Цените се фиксни за сите оператори – објаснува директорот на АЕК Сашо Димитријоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here