Дома Популарно Полицијата ја презеде контролата на парламентот во Хонг Конг

Полицијата ја презеде контролата на парламентот во Хонг Конг

289
0
АКЦИЈА

Полицијата во Хонг Конг употреби палки и солзавец за да ги растера демонстрантите од улиците во пресрет на годишнината од предавањето на оваа поранешна британска колонија на Кина, јавуваат светските медиуми.

Целта на демонстрантите беше да ја прекинат годишната церемонија за подигнување на знамето на која присуствуваа високи претставници од Хонг Конг и Кина.

Потоа група демонстранти влегоа во зградата на парламентот, со помош на метална количка, цртаа графити, кинеа плакати на политичките лидери и урнаа дел од стаклото и металот на надворешните ѕидови на зградата за да влезат внатре. Полицијата соопшти дека ќе употреби сила за да ги растера демонстрантите.

Властите ги повикаа демонстрантите да престанат со уништување на јавниот имот.

Полицијата, по судирите со демонстрантите, по неколку часа, успеа да се воспостави контрола во зградата. Како што наведуваат агенции, во судирот со демонстрантите има повредени. Повеќето улици во центарот на градот се затворени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here