Дома Македонија Вести Американска амбасада за изведбата на химната: Грешки може ненамерно да се случат...

Американска амбасада за изведбата на химната: Грешки може ненамерно да се случат во емотивни моменти

462
0
АКЦИЈА

Американската амбасада во Скопје се огласи на социјалните мрежи по згрешената изведба на Тамара Тодевска на македонската химна на синоќешната прославата на Денот на независноста, 4 Јули.

Имаме длабока почит кон традициите, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник Северна Македонија. Разбираме дека грешки може ненамерно да се случат во емотивни моменти, но им се заблагодаруваме на нашите пејачи за нивните прекрасни изведби“, објавија од амбасадата на „Твитер“.

Тамара Тодевска се извини за пропустот при изведувањето на химната на вчерашната прослава во амбасадата на САД во Скопје. Пејачката ја отпеа химната без строфата каде што се споменува Гоце Делчев и другите национални херои.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here