Дома Македонија Вести Галичка свадба од 12 до 14 јули 2019: Овогодинешните младенци се Огнен...

Галичка свадба од 12 до 14 јули 2019: Овогодинешните младенци се Огнен Караѓозовски и Марина Петровска

550
0
АКЦИЈА

Галичката свадба и оваа година традиционално ќе се одржи во Галичник од 12 до 14 јули по 46-ти пат. Станува збор за манифестација која е позната како атракција богата со единствени свадбарски обичаи и ритуали.

Во текот на овие два дена, се слушаат зурлите и ечат тапаните на тешкото, се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали на жителите од овој крај, во звукот на изворните песни и ора, а учесниците се облечени во познатата галичка носија изработена со филигранска прецизност и точност на терзиите. Венчавката се одржува во црквата „Св. Петар и Павле“, а секој птровден поради овој настан Галичник е домаќин на преку 5.000 посетители и туристи кои со задоволство уживаат во Галичката свадба.

Младенците кои ќе се венчаат на Галичката свадба секоја година ги избира комисија, а предуслов е еден од нив да има галичко потекло.

Оваа година, на Галичката свадба за младенци се избрани Огнен Караѓозовски кој е по потекло од Галичник и неговата избраничка Марина Петровска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here