,,Ве известуваме дека М6 ЕДЕН СРБ, одлучи да го прекине договорот за деловна соработка со А.Д. БИП во стечај“ -пишува во известувањето од компанијата на Светозар Јаневски до српските медиуми.
,,Верувавме во можноста за развој на една од најголемите пивари во регионот и со ентузијазам тргнавме во нејзина обнова пред две години. Се обидовме да направиме нешто позитивно за Белград и за Србија, да дадеме живот и енергија на една компанија стара 180 години. За жал, без оглед на големите вложувања , посветеност и енергија, не успеавме , бидејќи концептот што го нудиме овде, нема изглед за успех“ се наведува во соопштението од компанијата на Јаневски.
Со наслови ,,Шок во БИП“, ,,Македонецот ја затвора најстарата пивара во Белград“ , српските медиуми објавија дека во ова претпријатие, од 2017 година во сопственост на Свето Јаневски, е во колапс.
Според Б92, утрината се делат отказни решенија, а медиумите немаат пристап во кругот на фабриката.