Политичката династија Мицотакис повторно се враќа на чело на Грција.
Нова демократија, предводена од Кирјакос Мицотакис, победи на предвремените парламентарни избори во Грција со 39,7 отсто од гласовите избројани до 22 часот , додека левичарската Сириза на Алескис Ципрас е на второто место со 31,6 отсто од гласовите.
Според проекциите, Нова демократија ќе има апсолутно мнозинство во грчкиот Парламент и ќе формира сама влада без потребни коалицирања со други партии.