Дома Македонија Вести Експретседателот на кривичен, Владимир Панчевски, доби обвинение за АКМИС-от

Експретседателот на кривичен, Владимир Панчевски, доби обвинение за АКМИС-от

265
0
АКЦИЈА

Од позицијата на поранешен претседател на кривичен суд, скопското обвинителство го обвини Владимир Панчевски.

Шефот на Врховниот суд Јово Вангеловски куртули од обвиниене, бидејќи за него нема докази. Од 19 испрашани во обвинителството, вработени во кривичниот, апелацискиот, врховниот суд, како министерството за правда, вкупно 10, обвинителството ги планира за сведоци.

Неофицијално ќе сведочи актуелниот претседател Иван Џолев, вработени во судската администрација, техничари…

Според ОЈО, Панчевски, ја злоупотребил службената положба за електронското распоредување на судските предмети, односно АКМИС Системот, бидејќи влијаел за доделување на предметите.

Тој со писмен „параф“, наредил распределба на предмети кај конкретни судии. Задачата усмено ја доделувал на вработени во судската писарница кои имале пристап во АКМИС системот, да распределуваат конкретни предмети меѓу судиите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here