Дома Македонија Вести Миле Јанакиески во лоша физичка состојба во „Шутка“

Миле Јанакиески во лоша физичка состојба во „Шутка“

412
0
АКЦИЈА

Деветти ден по ред, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, штрајкува со глад во истражното оделение во „Шутка“ каде што се наоѓа во притвор.

Како што тврдат за „Лидер“ луѓе кои го виделе Јанакиески во затворските и судските ходници, тој од затворот „Шутка“ примал само вода и бил во значително лоша физичка состојба.

-Јанакиески е многу физички пропаднат, има изгубено боја на лицето и многу тешко комуницира, сведочи за „Лидер“, лице кое го видело Јанакиески.

Од истражното оделение „Шутка“ одбиваат да го коментираат штрајкот на Јанакиески и не даваат информации за неговата физичка состојба.

Наместо да преземе нешто околу ова, власта одлучи преку провладините медиуми да шири лажни вести дека Јанакиески од дома добивал „ланч пакети“ и всушност не штрајкувал, иако за тоа не се нуди никакви докази, па ни изјава од затворот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here