Полициски службеници го запреле и претресувале возилото на пратеник од опозицијата веднаш по грабежот на експозитурата на НЛБ банка во Сарај.
Горан Манојловски кој е дел од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ вели дека додека одел на работа кон Собранието во Ѓорче Петров бил запрен од двајца полицајци со автоматски пушки кои му наредиле да излезе од автомобилот.
Тој тврди дека дека иако им ја покажал пратеничката легитимација тие го игнорирале.
Од МВР го тврдат спротивното.