Дома Македонија Со автоматски пушки утрово ограбена експозитура на НЛБ Банка во Сарај

Со автоматски пушки утрово ограбена експозитура на НЛБ Банка во Сарај

676
0
АКЦИЈА

Утрово во експозитурата на НЛБ Банка АД Скопје во општина Сарај се случи грабеж од страна на вооружена група разбојници. Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба, соопштија од Банката, пренесува Сител.

МВР инаку не мрднува со прст, додека крадци со автоматски пушки загрозуваат безбедност на граѓаните низ цела Македонија во различни ситуации.

Претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во филијалата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план.

Во моментов сѐ уште нема детали за висината на направената штета. Надлежните органи вршат увид на самото место и се во блиска соработка со Банката за што побрзо и ефикасно разрешување на случајот и разоткривање на деталите, за што јавноста ќе биде дополнително известена.

Средствата на клиентите се сигурни бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here