Дома Македонија Вести Во Бигорски манастир отворена изложба на древни носии од дебарско-реканскиот крај

Во Бигорски манастир отворена изложба на древни носии од дебарско-реканскиот крај

546
0
АКЦИЈА

Познатото македонско древно светилиште манастирот „Свети Јован Крстител“ попознат како Бигорски манастир денеска ја одбележа својата втора манастирска слава, Денот на раѓањето на светиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован.

Манастирот беше преполн со верници уште од синоќа кога беше отслужено сеноќно бдение, а посетеноста беше уште поголема денеска кога со Светата архијерејска празнична литургија чиноначалствуваше Митрополитот дебарско – кичевски г. Тимотеј.

Одбележувањето на манастирската слава беше збогатено со изложба на стари традиционални македонски носии од дебарско-реканската етнографска целина. Претставени се носии на Мијаците од областите: Река, Азот и Железник, како и носии од Дебарско Поле, Голо Брдо, Дебарски Дримкол и Горна Река,како и Мијаците Смилево,Крушево и Папрадиште.

Станува збор за 11 комплети најстари носии, коишто хронолошки можат да се следат од 17 до 19 век. Изложбата ќе биде отворена два месеца,јул и август. Најголем број од носиите се невестински, но има и момински.

Изложбата поставена во манастирската галерија е плод на повеќегодишната соработка на бигорскиот игумен, Архимандрит Партениј, со ансамблот „Македонија“, предводен од неговиот уметнички менаџер, проф. д-р Владимир Јаневски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here