Дома Македонија Вести Заев мисли дека и Вселенскиот патријарх функционира со поткуп?!

Заев мисли дека и Вселенскиот патријарх функционира со поткуп?!

307
0
АКЦИЈА

Премиерот Зоран Заев кој беше обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за продажба на државно градежно земјиште, договара мито и за Вселенскиот патријарх Вартоломеј. За ова, јавноста слушна во објавениот телефонски разговор на светски познатите руски „пpaнкepи“ со Зоран Заев, на кој му се претставиле како Петро Порошенко и Јенс Столтенберг.

Во разговорот лажниот Порошенко односно руските шегаџии го советуваат Заев да му даде пари односно поткуп на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалност на МПЦ-ОА.

Скандалозниот дел може да се слушне во видеото, каде Заев во крајниот разговор договара мито за Вартоломеј. Лажниот Порошенко кој му се јавува му вика на Заев „јас го решив проблемот со украинската црква, ама му дадов донација на Вартоломеј од 100 илјади евра и тоа кеш”.

На ова, Заев вика да да тоа е многу нормално, дека тоа не е проблем за нас, односно „во ред е ќе го направиме тоа во кеш”.

„Порошенко“ на Заев му вели дека МПЦ има „одлични шанси“ за добивање на статус на независна црква за што наводно е согласен и Вартоломеј.

„Меѓутоа, морам да ви соопштам дека има еден ycлoв во мојот случај. Јас yплaтив пари лично на Вартоломеј“, му вели на Заев лажниот Порошенко кој тврди дека платил 100 илјади евра за автокефалност на Украинската црква и нуди помош и цена со попуст за МПЦ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here