Дома Свет Балкан Страшно невреме во познатите летувалишта во Грција, неофицијално има и жртви (Видео)

Страшно невреме во познатите летувалишта во Грција, неофицијално има и жртви (Видео)

2208
0
АКЦИЈА

Неколку од омилениите локаци за летување на Македонците во Грција вечерва беа погодени од силно невреме.

Според фотографии и видеа објавени на социјалните мрежи невреме ги погодило Неос Мармара, Пефкохори, Неи Пори, Никити, Калитеа и уште неколку места.

Три лица, наводно, ги загубиле животите во силното невреме што попладнево го погоди Халкидики, објави ЕРТ во централниот дневник. Засега е потврдена веста за смртта на 54 годишна жена која загинала откако врз неа паднал покривот кој се урнал.

Македонските туристи кои се на одмор во овој дел на Грција, велат дека вакво нешто досега не виделе вакво страотно невреме. Грчките медиуми пренесуваат дека во некои делови од земјата паѓало град со големина на јајце.

Komotini, Greece

Flash floods in Komotini, Greece this afternoon, July 10th! Report: Jurnal de Vreme

Posted by Severe Weather Europe on Wednesday, July 10, 2019

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here